Вработените во гевгелиските градинки негативни на корона вирус
Резултатите од тестирањето,кое во рамки на скринингот го направи ПЕ на центарот за јавно здравје, покажаа дека сите 110 вработени во ЈОУ „Детска радост“ во Гевгелија се негативни на корона вирусот.
Со последните резултати, кои пристигнаа од лабораторијата на Центарот за јавно здравје од Велес,се покажа дека ниту еден вработен во шесте градинки на територијата на општина Гевгелија од кои три се во градот и по една во Богородица, Негорци и Миравци не е заразен од Ковид-19, односно дека сите се негативни на корона вирус.
-Негативните корона тестови потврдија дека здравствената состојба на вработените е добра во пресрет на повторното отворање на градинките за децата што за нас секако претставува пријатна вест, рече директорката Бети Стефановска.
Таа нагласи дека пред скринингот во сите објекти на шесте детски граднки била извршена дезинфекција,дезинсекција и дератизација и дека капацитетите и вработените во градинките се целосно подготвени за повторно прифаќање на децата во моментот кога одлуката за тоа ќе ја донесат надлежните власти во земјата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација