Свет
18. November 2019 - 13:03

Вознемирувачки пораст на број на заболени деца од рак во Горна Јура, Франција

Регионалната здравствена агенција (АРС) за Бургундија Франш-Комте соопшти дека почнала епидемиолошко истражување по откривањето на десет сомнителни случаи на педијатриски карциноми во Горна-Јура. Деца од шест месеци до 13 години кои живеат во општините Русе, Морбие, Морез, Сен Пјер и Преманон.
 
АРС посочува дека го информирала Јавното здравство на Франција, агенција под надзор на Министерството за здравство, за да иницира епидемиолошко истражување за овие случаи и да побара можно објаснување. На 14 октомври се одржала првата информативна средба за семејствата.
 
– Во интерес на транспарентност и слушање на семејствата, целта беше да се разговара за пристапот, целите, методите и вклученоста на овие семејства во овој процес, кој сега е во тек – се наведува во соопштението на АРС.
Русе е планинско одморалиште со 3.500 жители.
 
РЕМЕРА (Регистарот на малформации во Рона-Алпи) наведува дека осумте случаи на малформации кај бебињата на територија во радиус од само 17 километри  се должи на загадување со пестициди или токсини и контаминирана вода.
 
Француските властите апелираат да не се создава психоза кај граѓаните.