-->
-->
Воспоставена директна авио-линија Белград - Техеран
-->
По речиси три децении денеска повторно е воспоставена директна авио-линија меѓу Белград и Техеран, а оператор ќе биде Иран Ер.
Министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ истакна дека тоа е најдобар показател како Србија се подготвува за иранските туристи.
- Правевме посебни истражувања во однос на посебните интереси на иранските туристи. Само во јануари годинава туристите од Иран остварија 2.305 ноќевања во Србија, рече Љајиќ.
Тој додаде дека сите карти за летовите од Техеран до Белград до јуни се продадени.
Министерот Љајиќ изрази надеж дека ќе се зголемува бројот на патници на таа релација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација