Бизнис
26. July 2016 - 19:56

Вонредната состојба во Труција да не биде пречка за бизнисот

Македонските компании да ја продолжат соработка со турските фирми и да градат нови партнерски односи, апелираат од стопанската комора на Македонија и Турција. И покрај отпуштањата на големиот број на  вработени од администрацијата гарантираат нормални економски движења и нормално функционирање на инситуциите.

Во соопштението од комората се наведува дека  Македонија и регионот остануваат на инвестициската мапа на Турција.

-Пучот во Турција и воведувањето на вонредна состојба во земјата можат да предизвика неодлучност кај некои од макеоднските фирми во врска со соработката со турските партнери. Економската размена со земјата главно се покрива со плаќање во евра. Девизниот курс е во фиксни рамки повеќе од 20 години и на домашен пазар е обезбедена целосна стабилност, се вели во соопштението од МАТТО.

Македонските компании кои соработуваат со туркси фирми, засега немаат никакви проблеми. Бизнис релациите норално се одвиваат, нема доцнење ниту на нарачките од таму.

-Немаме проблеми се се одвива нормално, бројката на отпуштени административни работници не е ништо за 80 милиони народ. Не се пречка за нормално функционирање на бизнис релациите. Не доцнат нарачките. Не сме размислувале ниту за тоа што ќе биде понатаму, Турција е одличен соработник и нормално дека ќе се справат со сите проблеми. Не сме барале алтеративни партнери, зошто во последните 10 до 15 години турските рпоизводи се најбарани на пазарот, рече бизнисменот Неџат Шаини.

Од комората уверуваат дека поради политичките случувања во земјата нема да биде загрозена безбедноста на туристите.

Според статистиката, во првите пет месеци од годинава трговската размена меѓу Македонија и Турција изнесува 175 милиони долари и во однос на лани има раст од 21 отсто.

Турската економија лани достигна раст од 4 отсто, а во првата половина од годинава 3,4 проценти. Земјата главно има соработка со сите земји до регионот.