-->
-->
Вонреден инспекциски надзор: Зошто Серава денес е црвена?
-->
Дежурната екипа на Државниот инспекторат за животна средина, во координација со овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош се излезени на терен и вршат вонреден инспекциски надзор при што ќе се констатира фактичката состојба на терен откако во утринските часови од страна на граѓани било пријавено загадување во реката Серава Карпош.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопштија дека подетални информации по однос на инцидентот ќе споделат по доставениот Извештај за вонредниот инспекциски надзор од дежурните екипи.
-Ги охрабруваме граѓаните да продолжат да пријавуваат дејствија кои го нарушуваат здравјето и животната средина, затоа што целта ни е заедничка, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер