Македонија
19. January 2017 - 16:52

Водици одбележан и во Тетово

Прославувањето на крштевањето на Исус Христос-Богојавление во народот познатот како Водици беше причината на денешниот празник во соборниот храм свети Кирил и Методиј во Тетово да дојдат голем број верници.
 
Со света божествена литургија чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. 
 
Чествувањето на празникот  продолжи пред базенот во црковниот двор каде митрополитот г. Јосиф изврши голем Богојавленски водосвет, по што го спушти осветениот крст.
 
Од тројцата млади верници, Станислав Бојчески, Дарко Ѓорѓевски и Далибор Ѓорѓевски, најбрзо до осветниоткрст стигма 22-годишниот Станислав Бојчески.
 
Присутните верници земаа од осветената вода за здравје која ја носеа во домовите.