Бизнис
22. March 2017 - 20:18

Водата од наредната година ќе се продава по нова цена

Од први јануари догодина водата ќе има нова цена.  Надлежните велат дека загубите на јавните пшретпријатија ќе мора да се покријат но за колку ќе се корегира цената на водата не откриваат . Велат дека ќе биде достапна за сите. Новиот тарифник ќе го објави Регулаторната комисија. Првиот човек на ова тело вели дека со новите цени граѓаните ќе добијат и подобра услуга.

- Потребата од воведување на економска регулација се јавува поради постоењето на природни монополи чие настанување е поврзано со ексклузивното право кое државата го доделува на претпријатијата да обавуваат определени дејности, појасни Петров.

Регулаторот е должен да ја утврди најниската и највисоката граница за цената на водата за пиење, наводнување како и пречистената отпадна вода. Општините пак треба сами да ја утврдат сумата,  која ќе се движи во тие граници.

Новите тарифи за почеток ќе се воведат во општините со над 10 000 жители а од 2019 и во останатите. Ако општините сами не ги утврдат цените тоа ќе го направи регулаторот.