Балкан
17. August 2017 - 14:44

Во Турција приведени дваесет лица осомничени за поврзаност со организацијата на Ѓулен

Дваесет лица, меѓу кои и жени, се приведени денеска во операција во Конја и уште шест окрузи на Турција против лица, осомничени за врски со организацијата на Фетула Ѓулен, пишува весникот „Милиет“.

Операцијата е преземена во рамки на истрагата на обвинителството во Конја. Издадена е наредба за апсење за вкупно 38 лица, осомничени дека ја користеле мобилната апликација Бајлок (ByLock).

Според турските власти, терористичката организација на Ѓулен, стои зад обидот за преврат во земјата од 15 јули 2016 година.