Македонија
16. October 2021 - 16:38

Во Струмица заразените со ковид не сакаат да гласаат

1157 болни и изнемоштени лица од четирите општини во струмичкиот микро регион денеска го остваруваат своето право на глас. И покрај тоа што во моментов во регионот има 186 активни случаи со корона вирус ниту еден од нив не бил пријавен за гласање. За разлика од граѓаните кои утре ќе ги посетат избирачките места, лицата што гласаат во домашни услови правото на глас ќе го оставарат по стариот модел без употреба на фингер принтовите.

Според податоците на општинските изборни комисии најмал број на болни и немоќни лица се пријавени во општина Босилово 222, во Василево има 231,  Струмица 328, а најголемиот број е во општината Ново Село каде биле пријавени 376 лица кои гласаат во нивните домови.

 

 

.