Македонија
22. October 2021 - 20:21

Во Струмица тројно поголем интерес за трета во однос на прва доза вакцини

Во Струмица тројно поголем интерес за трета во однос на прва доза вакцини. Откако Министерството за здравство започна да ги испраќа СМС пораките за  бустер дозата голем број граѓани решија да го посетат вакциналниот пункт и да ја искористат можноста за дополнителна заштита. Најголемиот дел од граѓаните кои се одлучиле за трета доза се повозрасни. Има и такви кои поради прележан ковид сега ја примаат првата доза. Сите велат дека тоа го прават пред се за сопственото, но и за заштита на колективното здравје.

Од здравствениот дом во Струмица велат дека посебно голем интерес бил регистриран во последните неколку дена поради што е зголемен и бројот на персонал кој работи на пунктот за вакцинација.

И додека од една страна расте бројот на граѓани заинтересирани за трета, бројот на аплицираните први дози е се помал.

Од почетокот на вакцинацијата во Струмица се аплицирани 49.739 вакцини. Од нив 25.761 се прва, 23.903  втора и 111 трети дози.