Балкан
2. March 2021 - 19:23

Во Словенија зголемен број лажни ПЦР-тестови на границата

Словенечката генерална полициска администрација денеска соопшти дека граничната полиција секој ден открива десетици фалсификувани ПЦР-тестови за коронавирусот, кои патниците ги користат за да избегнат карантин при влегувањето во Словенија.

Казната за ова дело во Словенија е затвор до три години, пренесува агенцијата СТА.

Во јануари, словенечката полиција откри зголемен број ПЦР-тестови на границата со Хрватска, извршени главно од патници од Србија и БиХ.

Иако бројот на Словенци фатени со лажен ПЦР тест не е голем, минатиот викенд беа фатени 15 граѓани кои се обидоа да влезат во земјата на границата со Хрватска.

Во повеќето случаи, лажни документи биле откриени затоа што полицијата ја проверувала нивната автентичност во други институции.