Македонија
30. October 2020 - 12:37

Во следните денови претежно сончево, утринските температури во опаѓање

УХМР најавува дека во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Во недела минималната температура наместа ќе достигне до 0, додека во понеделник во утринските часови ќе биде и до – 2 степени. Максималните температури наместа ќе достигнат над 20 степен.

Во попладневните часови денеска облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени. И во Скопје попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе достигне до 19 степен.