Македонија
26. January 2021 - 11:56

Во Скопје велосипедист удрил во пешак и побегнал, пешакот со тешки повреди пренесен на клиника

Вчера во 14.10 часот во Скопје на улица „50-та Дивизија“ велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило местото на настанот удрил во пешакот А.Р.(47) од Скопје, стои во соопштението од МВР.

На А.Р. во ПЗУ „Аџибадем Систина“ му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.