Македонија
6. December 2021 - 12:13

Во Скопје се отворено советувалиште за психо-социјална поддршка на жени и деца жртви на родово базирано насилство

Во состав на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска во Скопје беше отворено советувалиште за психосоцијална поддршка на жени и деца жртви на родово базирано насилство. Советувалиштето ќе обезбедува услуги за жени и деца-жртви на различни форми на родово базирано насилство.

Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство за МИА информира дека советувалишниот центар ќе им обезбеди помош и поддршка на жените-жртви, согласно нивните потреби.

– Без разлика дали жената ја донела одлуката да го напушти насилникот и отишла и пријавила во некоја од надлежните институции или се уште не пријавила или се уште не ја ни донела одлуката, туку е во онаа фаза каде што размислува што да направи понатаму. Советувалишниот центар ќе и обезбеди помош и поддршка согласно нејзините потреби. Тука се ангажирани две социјални работнички, една терапевтка и една правничка, се со цел да за да се обезбеди една сеопфатна помош. Кога жената ќе дојде тука ќе биде примена од социјалната работничка, со која ќе го направи иницијалниот разговор и со која заеднички ќе донесат одлука или ќе направат процена, што и нејзе најпотребно и кои треба да бидат првите услуги што треба да и бидат обезбедени, рече Димушевска..

Во однос на психолошката помош и поддршка, терапевтката на претходно договорени сесии ќе работи со жртвата на надминување на последиците од преживеаното насилство, на планирање на иднината, на унапредување на родителските вештини.

– Доколку како резултат на насилството и насилната средина во која што живееле децата имаат потреба од психолог, тоа е услуга која ќе им биде обезбедена во советувалиштето, рече Димушевска.

Таа истакна дека во советувалиштето на располагање на жените ќе им биде и правничка за да бидат преземени сите правни чекори во однос на обезбедување на заштита за жртвата и нејзините деца, доколку има жртвата.

– Од подготовка на тужба за развод, барање за изрекување на привремени мерки за заштита, придружба, односно тимот на советувалиштето е придружба на жените до релевантните институции со цел да се осигураме дека сите права и мерки на заштита кои се предвидени во нашето национално законодавство ќе и бидат обезбедени навремено и соодветно на нејзините потреби, рече Димушевска.

Како дел од тимот има и кариерна советничка, која што за жените кои се невработени или се вработени на места со ниски примања, а имаат работни вештини кои што можат да се поднаредат со цел наоѓање на работа која што е подобро платена и ги исполнува.

– Кариерната советничка закажува индивидуални сесии, и работи со жртвите, им помага во бараљето работа, контактира со работодавците и работи со нив на унапредување на оние меки вештини: подготовка на СиВи, подготовка на интервју за работа, комуникациски вештини и тоа во целиот процес на советување се поминува како една целина за тие после кога ќе отидат да бараат работа, најпрвин подобро и во најдобро светло да се претстават себеси, а и да бараат работа која ги исполнува, рече Димушевска.

На отворањето на центарот присуствуваа и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, сопругата на словачкиот амбасадор во земјава Жанета Маркушова, како и претставник од донаторот, Балканскиот фонд за демократија, Тијана Књежевиќ.

Сите жени кои преживуваат насилство и имаат потреба и помош од психолог, социјална работничка, правна и кариерна советничка може да се обратат на 075/255-154 за да се изборат против насилството во нивниот дом.