Loading Video...
Спорт плус
11. јуни 2020 - 16:32

Во сабота на кејот на Вардар прв спортски настан во ерата на Ковид-19

По паузата од речиси три месечна пауза без спортски активности во нашата земја, а поради пандемијата на Корона вирусот, во сабота на 13 јуни во Скопје, ќе се одржи првиот настан. 
 
Станува збор за првата атлетска трка и тоа хронометарска, што ќе се трча на делница од   10.километри на кејот на реката Вардар и тоа со старт мост „Гоце Делчев“ кон Општина Карпош и назад.  
 
Како би се запазиле сите протоколи за безбедност, предвидено е трката за започне уште во 6:30 часот наутро.