Свет
19. January 2017 - 16:39

Во пожар се урна најстариот солитер во Иран

Најстариот ирански солитер во центарот на Техеран денеска се урна откако претходно последните катови беа зафатени од пожар, јавија иранските медиуми.

Солитерот со 17 катови изграден е на почетокот од 60-тите години на минатиот век и во него имаше трговски центар, што беше евакуиран поради пожарот.

Се уште не е познато дали има жртви, но најмалку 25 луѓе се повредени.