Македонија
16. October 2019 - 17:55

Во Охрид завршува средбата на македонските и бугарските историчари

Нема договор помеѓу македонските и бугарските историчари околу клучните прашања.Направен е исчекор во однос на учебниците по историја од средновековниот период  но нема никаков напредок за важноста и значењето на Гоце Делчев во контекст на неговото значење за историското сеќавање на двата народа.  Несогласувања имало околу различните историографски гледања на Гоце делчев  .

Претседателот на комисијата од бугарска страна Димтров вели дека не Бугарија туку Гоце Делчев и неговите најблсики тврдат дека  е бугарин .

Инаку ова е е осма средба на комисијата,а до крајот на годината е предвидена уште една во Бугарија .

Од претходните средби до владите на двете земји се препорачани заеднички чествувања на св. Кирил и Методиј, св. Климент, св. Наум и цар Самуил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Република Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото.