Македонија
3. јуни 2020 - 18:30

Во Куманово 12 новодијагностицирани, од кои 10 се од Општина Липково

Од вкупно 12 заболени кои ги евидентира Центарот за јавно здравје Куманово како новозаболени во последниве 24 часа, 10 се од Општина Липково, двајца се од  Општина Куманово, информираше директорот на здравствената установа Ариф Љатифи. Тој кажа дека и починатиот пациент на 71 година е од Општина Липково.

-Интензивно се вршат тестирања, се земаат брисеви, мобилните екипи се на терен. Досега на подрачјето на Липково има 50-тина активни случаи од вкупно 114 заболени. Заболените се од познати кластери. За разлика од Куманово, во Липково има поинтензивни семејни врски. Во еден двор може да има по четири до пет куќи, дворовите се поврзани, тоа придонесуваше за ширење на вирусот, изјави Љатифи.

Од Општина Липково, информираат дека секојдневно заседава општинскиот кризен штаб, се разговара со сите чинители во локалната заедница со своето делување да придонесат за јакнење на свеста кај населението за почитување на мерките, меѓу нив и со имамите на џамиите и претставниците на месните заедници.

Од општината, информираат дека  преземаат  допонителни чекори и комуналното претпријатие ги дезинфицира патиштата.