Македонија
28. January 2022 - 11:50

Во ковид центарот во Дебар тројца пациенти, се зголемува бројот на заразени

Се зголемува бројот на нови случаи позитивни на Ковид-19, во општините Дебар и Центар Жупа, а по подлг период има и лица на кои им е потребен болнички третман.

– Во ковид центарот во нашата болница мометно имаме тројца пациенти кои се на болнички третман, од нив еден е во потешка состојба. Дневна терапија добиваат осум лица, кои по добиената терапија малку одмараат и одат дома. Со брз тест позитивни се 33 лица кои соодветно ги третираме, до добивањето резултати од ПЦР тестовите, изјави за МИА, Баки Алили, директор на дебарската општа болница со проширена дејност.

Апелира до граѓаните строго да ги почитуваат мерките за заштита од заразата и доколку имаат симптоми веднаш да се јават на лекар.

Според официјалната статистика на Министерството за здравство, од почетокот на пандемијата до вчера регистрирани се 1496 позитивни случаи, починале над 90, а активни на болеста се 18.

Доктор Алили потврдува дека расте интересот за трета доза вакцина, која дневно се аплицира кај четириесеттина лица.