Loading Video...
Свет
22. January 2022 - 16:31

Во Косово од денеска ќе може да се влезе со потврда за примени три или две дози вакцина и негативен ПЦР тест

Во Косово од денеска ќе може да се влезе со потврда за примени три или две дози вакцина и негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа. Сертификати за вакцина при влез во Косово не мора да покажат лицата кои патуваат транзитно, странските дипломати, децата до 12-годишна возраст и лицата кои имаат лекарска потврда дека се ослободени од вакцинација.
 
Косовските државјани кои немаат примено две вакцини, по враќањето во земјата ќе треба да подлегнат на седумдневен карантин. На сите вработени во јавните институции ќе им се бара сертификат за примени најмалку две дози.
 
Со новите мерки, таканаречениот полициски час, односно забраната за движење, наместо од полноќ, од утре ќе трае од 22 до пет часот наутро. Се скратува и работното време на угостителските објекти, кои, наместо до 23 часот како досега, ќе можат да работат до 21 часот.Ноќните клубови не работат, а не смее да се организираат фестивали,  концерти, свадби и веридби. Овие мерки ќе важат до 4 февруари.