Македонија
7. December 2015 - 12:56

Во Кавадарци регистрирани 38 лица заболени од грип

Во Кавадарци се регистрирани првите 38 лица заболени од грип за оваа сезона, информира денеска Центарот за јавно здравје Кавадарци.

- На граѓаните им препорачуваме да делуваат превентивно против сезонскиот грип и да избегнуваат поголеми собирања, како и да консумираат повеќе течности и да избегнуваат газирани пијалоци. Грипозните пак, да се обратат кај своите матични лекари и да не земаат медицинска терапија на своја рака, изјави доктор Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот.

Според него, сезонава 793 лица примиле вакцина против грип, главно хронични болни и постари лица над 65 години.

Ново на Сител