Loading Video...
Балкан
31. July 2021 - 17:36

Во кафулињата и рестораните во Црна Гора со тест или потврда за вакцинација

Во кафулињата, рестораните, ноќните клубови и дискотеките  во Црна Гора може да се влезе само со потврда за вакцинација против Ковид-19, негативен ПСР тест  или потврда за прележен ковид во последените 6 месеци одлучи црногорска влада.

Еден од овие услови мора да исполнат и вработените во угостителските објекти. Во Црна Гора бројот на заразени со ковид е во пораст.

Според Институтот за јавно здравје епидемиолошката ситуација во земјата и понатаму е поволна. Инаку во Црна гора се уште не е потврден делта сојот.