Свет
15. јуни 2021 - 8:22

Во Израел укинуваат задолжително носење заштитни маски

Во Израел, од денеска, носењето маски во затворен простор повеќе нема да биде задолжително, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Во соопштението од Министерството се вели дека има исклучоци од новите мерки за ублажување.

Весникот „Џeрузалем пост“, објави дека невакцинираните посетители и вработени во здравствените установи за продолжено лекување и установите за грижа на други лица сепак ќе мора да носат маски.Таа мерка ќе биде задолжителна и за домови за стари лица поради висок ризик од заболување.

Маски ќе мора да ги носат оние кои се во изолација и во карантин, како и авионските патници.

Израел ги олесни повеќето мерки за своето население на почетокот на јуни, но беа задржани строгите ограничувања на странските државјани.