Балкан
27. September 2021 - 11:25

Во Хрватска почнува теренското попишување на населението

Во Хрватска денеска започнува теренското попишување на населението, што ќе трае до 17 октомври, објави хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС).

По пристигнувањето во становите, попишувачот ќе ги наведе сите лица, домаќинството и станот, а во фазата теренско попишување ќе ги посети сите адреси, вклучувајќи ги и на оние домаќинства што сами се попишале со цел да им го земе единствениот код што го добиле по успешното самопопишување.

Во првата фаза од пописот, која заврши на 26 септември, успешно беа регистрирани повеќе од 1.326.000 граѓани, објави вчера ДЗС.

Сите податоци собрани од пописот се тајни и ќе се користат исклучиво за статистички цели, согласно Законот за попис на населението, домаќинствата и живеалиштата во Република Хрватска 2021 година и Законот за официјална статистика.