Loading Video...
Свет
10. August 2020 - 16:35

Во Грција нема да се одржуваат литии и останати верски манифестации до крајот на месецот

До крајот на месецов, во Грција нема да се оддржуваат литии и сите останати верски манифестации со поворки надвор од црквите. Секој оној кој нема да ја почитува забраната ќе мора да плати парична казна од 150 евра. Ваквата одлука на грчките власти следи поради зголемиот број на заразени лица со Ковид-19. Ситуацијата е критична во повеќе делови на земјата. За да се спречи ширењето на вирусот, угостителските објекти, ќе работат од седум до 23 часот, а на маса ќе може седат најмногу четири лица. Откажани се сите забави со жива музика, црковни настани, пазари и слично. Се забрануваат јавни и приватни собири на над девет лица, а маската е задолжителна и надвор и во затворените објекти.

Хаос на улиците во Белорусија. Едно лице загина, 120 се повредени, а околу 3000 луѓе се приведени по судирот на демонстантите со полицијата во Минск, главниот град на Белорусија. Меѓу повредените се и над 30 полицајци. Протестите следат откако претседателот на државата Алексадарт Лукашенко прогласи победа на изборите и со тоа го доби шестиот мандат. Поради сомнеж за местење на изборите, гневни граѓани, предводени од опозицијата, излегоа на улица. Фрлаа факели и камења кон полициските службеници, кои пак возвратија со употреба на солзавец. Демонстрантите се собрале и во уште 33 други градови. Според Изборната комисија, Лукашенко освоил 80,23 отсто од гласовите, а неговата противничка Светлана Тихановскаја освоила само 9,9 проценти од гласовите.

Неколку држави на Европската унија, ги критикуваа изборите бидејќи двата главни противници на Лукашенко, биле испратени во затвор пред изборите.

Продолжуваат протестите во Либан, откако бројката на загинати од експлозијата во главниот град Бејрут,  достигна повеќе од 200, а уште десетици лица сè уште се водат како исчезнати. Демонстрациите не стивнуваат и покрај оставките на два министри и неколку пратеници.

По експлозијата околу триста илјади луѓе живеат во оштетени домови, а од Обединетите Нации, веќе предупредија за можна хуманитарна криза доколку не биде доставена храна и лекови. До сега меѓународните донатори собраа скоро 300 милиони долари помош за Либан на виртуелниот самит кој вчера се одржа под покровителство на францускиот претседател, Емануел Макрон. Според нив, средствата треба да бидат директно доставени до населението на Либан.