Loading Video...
Балкан
7. September 2021 - 12:20

Во Грција казни од 5.000 евра за лажен сертификат или потврда за прележан Ковид-19

Казни во Грција за лажирање на сертификати за вакцинација. Секој кој ќе се обиде или ќе успее да добие сертификат за вакцинација, а не е вакциниран, или потврда за прележан Ковид-19, а не бил болен, како и за секој вработен, кој на било каков начин учествува во издавањето лажен сертификат за вакцинација, ќе биде казнет со 5000 евра.

Конкретната мерка доаѓа по откриениот скандал со над 40 фиктивни вакцинации, внесени во системот за вакцинирање во болницата во Палама поширокиот регион на грчкиот град Кардица.

Казни се предвидени и за приватните здравствени центри, установи за грижа на лица итн, доколку имаат невакциниран вработен, а работодавачот ќе треба да плати казна од 10.000 до 50.000 евра, која при повторна проверка и втора казна се зголемува на 20.000 до 200.000 евра.

Во доставениот амандман, меѓу другото, вклучена е и измената на одлуката за здравствените работници кои не се вакцинирани и од 1 септември се на неплатен принуден одмор, а сега им се дава можност за враќање на работа доколку ја примат првата доза од вакцината.