Балкан
3. December 2020 - 20:24

Во Грција 100 починати од Ковид-19 и 1.882 новозаразени

Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран голем број смртни случаи од Ковид-19, починаа 100 лица, а заразени се 1.882 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 622 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, девет повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата, во Грција има 111.537 заразени и 2.706 починати од Ковид-19.