Македонија
15. July 2020 - 9:24

Во Гостивар и Врапчиште отворени сите избирачки места

 Во општините Гостивар и Врапчиште утрово се отворени сите избирачки места и изборниот процес почна навреме, информираат од општинските изборни комисии.

Во општина Гостивар право на глас имаат 79.945 граѓани на 119 избирачки места. Два избирачки одбора ќе го покријат изборниот процес на две места, каде има под десет гласачи. Во подшарпланинските села, пак, во општина Гостивар право на глас имаат 25.914 граѓани. Тие правото на глас можат да го искористат на 39 избирачки места.

Вчера и завчера правото на глас во Гостивар го искористија вкупно 202 лица, од кои 188 се пријавија како болни и лица во домашен притвор, а со решение од здравствените власти дека со во изолација гласаа 24 граѓани.

Во општина Врапчиште вчера и завчера гласаа 27 лица, од кои 21 пријавени како болни и лица во домашен притвор, како и шест болни од КОВИД-19 и со решение од здравствените власти дека со во изолација.