Loading Video...
Ракомет
1. December 2019 - 15:00

Во Еурофарм Работник жалат, но и се задоволни од дебито во Лигата на шампионите

 
Својот настап и тоа дебитантски во Лигата на шампионите синоќа го завршија ракометарите на Еурофарм Работник и тоа со победа пред домашната публика во дуелот против шпанската Бидасоа со 25-23 . 
 
„Фармацевтите“ одлично се прикажаа во елитното натпреварување во кое остварија 3 победи, а од седумте порази дури четири ги загубија со еден, а два со два гола разлика, па затоа може да жалат што не остварија и подобар резултат. 
 
„Мислам дека оваа сезона за нас беше успешна. Сепак, треба да се земе предвид дека сме дебитанти“ , истакна Горан Кузманоски, 
 
На него се надоврза и новиот тренер на битолчани Божидар Мојсов кој додаде „ Верувам дека оваа екипа може многу, со оглед на тоа што беше создадена за натпревари во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Се надевам дека набрзо ќе излеземе на прав пат“.
 
За Еурофарм Работник сега ќе може комплетно да се фокусира на настапот во регионалната СЕХА лига, во која следниот меч го игра веќе во вторник (17:15 часот) одново во Битола кога ќе го пречека хрватскиот првак ППД Загреб.