Македонија
26. January 2021 - 15:44

Во домот на 29-годишен скопјанец пронајдени 610 грама марихуана, хашиш смола и пиштол

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(29) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 26.11.2020 во 18,20 часот, при извршен претрес на дом и други помошни простории, во куќа во с.Моране,скопско, биле пронајдени  и одземени 610 грама марихуана,  остатоци од хашиш смола и пиштол.