Во Дебар рекордни 60 оздравени а само еден новозаразен со КОВИД-19
Во последното деноноќие во Дебар забележана е рекордна бројка од 60 оздравени и само еден случај на новозаразено лице.
Со денеска потврдениот еден случај, вкупната бројка на заразени изнесува 224, од нив битката со опасниот вирус ја добиле 151, ја загубиле осум, додека активни на болеста се 65 лица.
Момементно во Инфективната клиника и во болницата „Осми септември“ во Скопје има осум пациенти од Дебар.
– Во нашата болница и понатаму доаѓаат лица со симптоми на Ковид-19, на кои им се зема брис и се чека дијагнозата. Имаме пациенти кои ги лекуваме амбулантски но поголемиот број од активните се со лесна форма на болеста па се лекуваат во домашни услови. Потешките случаи ги транспортираме во здравствените установи во Скопје, изјави за МИА, Баки Халили директор на Општата болница во Дебар.
Во оваа здравствена установа нема инфективно одделение, а функционира амбуланта. Поради актулната епидемиолошка состојба приспособенин се три простории ,каде се тртеираат лицата сомнителни или заболени од коронавирус.
Доктор Халили упатува апел за строго почитување на препораките за заштита, затоа што „невидливиот непријател е се уште меѓу нас“.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани