Во Дебар до 17 часот гласалe 36 отсто од граѓаните запишани во единствениот избирачки список

Во општина Дебар до 17 часот на гласање излегле 7089 или 36 отсто од вкупната бројка, од 19763 лица, запишани во единствениот избирачки список, што е за 1 процент повеќе споредено со првиот круг, потврди за МИА, Рилинд Хаса, претседател на ОИК, додавајќи дека изборниот процес се одвива тековно без проблеми.
Според него четирите приговори доставени до 15 часот од лица кои не можеле да се најдат во избирачкот спсок, се прифатени. Други приговори нема.
Во првиот изборен круг излезноста беше 35 отсто, односно до 17 часот гласаа 6835 лица. Споредено, пак, со вториот изборен круг на минатите избори, во 2021 година, процентот на излезност денеска е помал за 4,13 отсто, тогаш до 17 часот гласале, 7.523 или 40,13 отсто.
Вчера, во оваа општина, правото на глас во домашни услови го остварија 130 болни и изнемоштени лица што е за 54 повеќе од првиот изборен круг пред две седмици.
MИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина
-

Тони Тоневски е новиот градоначалник на Пробиштип
-

Коалиција ВРЕДИ: Со освоените општини станавме втора политичка сила во државата
-

Филипче: Овие избори се патоказ за иднината на СДСМ, не размислувам за оставка
-

Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Скопје
-

Пораз за Дехари и ДУИ во Кичево, Александар Јовановски прогласи голема победа
-

Максим Димитриевски слави во Куманово | ВИДЕО
-

Лукровски прогласи победа: Денеска не победувам јас, победува Карпош
