Македонија
17. May 2022 - 16:37

Во четврток заедничка литургија на МПЦ, СПЦ и ПОА во Белград

Иако МПЦ се уште молчи по одлуката на СПЦ, сепак според Владиката Петар одлуката на СПЦ е позитивен чекор во односите помеѓу двете цркви. Толкувањата дека по одуката на СПЦ македонската црква оди чекор назад, односно го враќа статусот на автономна црква во рамките на СПЦ кој го имаше во 1959 година, Владиката за Дојче Веле тврди дека не е така.

-Вселенската патријаршија нѐ упати на Српската православна црква да ги уредиме управните прашања меѓу двете цркви во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание. Штом српската црква прифатила да ги решаваме овие прашања, не гледам што би можело да биде негативно во овој процес.

Сепак Владиката не е конкретен во одоговорот дали МПЦ испратила писмо до СПЦ во кое таа сама бара автономен статус и православен консензус за признавање на нејзината автокафалност.

Вчера соборот на СПЦ го поздрави прифаќањето на општо признатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ, доделен во 1959 година.Но, со ваквата одлука, всушност  се признава само  статусот на „автономна црква на СПЦ“, без гаранции дека МПЦ некогаш ќе добие автокефалност, бидејќи за тоа ќе биде потребен општ православен консензус.

Според српските медиуми пак, поглаварите на СПЦ и МПЦ, задутре ќе служат литургија за помирување во храмот Свети Сава во Белград, но од МПЦ не се уште не потврдуваат.