Македонија
22. September 2021 - 16:48

Во 10-ина училишта не се почитувани протоколите за заштита од Ковид-19

Училиштата генерално ги почитувале Ковид протоколите, но има и недостатоци, констатирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Од 700 образовни установи во половината веќе бил направен надзор изминатите 3 недели. Инспекторите не затекнале деца и наставници без маски, но во 10-тина училишта имало пропусти при влезот со мерењето температура или куната во која јаделе децата била мала.

-Имаат ли интеренции инспекторите од ДСЗИ да влезат во училниците за да видат дали децата носат маски?

-Да влегуваат, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

-И што кога ќе влезат, што констатираат?

-Ете пак ќе се навратам на основното прашање, кога ќе дојдат инспекторите веќе сите знаат, вели д-р Сотирова Бухова и додава дека децата носат маски инаку бројќите би биле поголеми.

Според министерството за образование бројот на заразени ученици е 0,02 проценти, а од здравство пред два дена споделија податоци од ИЈЗ според кои во првите 2 недели околу 280 ученици во основно и средно биле позитивни на вирусот.

Од друга страна се повеќе родители на социјалните мрежи спорелуваат дека нивните деца и покрај почитување на протоколите тврдат дека се заразиле во училиште.