Македонија
27. November 2015 - 17:53

ВМРО - ДПМНЕ: Спасовки да ја расчисти аферата со фалсификуваните лични карти

Се уште нема одговор од техничкиот министер Оливер Спасовски за аферта со 30.000 фалсификувани лични карти.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и денес побараа одговори на оваа афера која ја изнесе неделникот Фокус кој важи за близок до СДСМ.

До изборите остануваат уште 148 дена, техничкиот министер не смее да молчи за оваа афера, јавноста мора да дознае кој ги фалсификувал овие лични карти, порачува Антонио Милошовски.

“Не може да ја манипулирате јавноста дека МВР порано имало капацитети да открие цела мрежа на лица осомничени за учество во терористичките акции на ИСИЛ, а сега нема капацитет да реши една вака очигледна афера која што ја откри неделник близок до вашата партија. Не може да ја манипулирате јавноста дека МВР можело да ја реализира акцијата „Келија“, која беше многу сложена, а сега не може да документира случај на фалсификувани лични карти, вели Милошовски.

Неделникот кој важи за близок до СДСМ до министерството достави и 100 лични карти. Милошовски прашува каде се останатите 29.900?

Од владејачката партија порачуваат дека јавноста има право во најбрз можен рок мора да ги дознае одговорите на овие прашања.