Бизнис
19. February 2020 - 17:09

ВМРО-ДПМНЕ: Програмата за инвестициски бум во инфраструктурата, СДСМ: Програмата е плагијат на нашата

Многу нови проекти за градежништовото да стигне до 30% раст и да ја повлече целата економија.

Програмата на ВМРО ДПМНЕ пред априлските избори предвидува завршување на автотатот Кичево Охрид, но и изградба на нов автопат од Велес преку Бабуна за Прилеп и Битола. Поранешниот министер за транспорт вели дека нивната намера е да се гради низ целата држава.

Од СДСМ велат дека новата програма на ВМРО ДПМНЕ е плагијат на нивната.

„Имаше време ВМРО-ДПМНЕ од 11 години, да направи нешто позитивно за државата и граѓаните  и на полето на економијата и инфраструктурата. Но, единствено што направија за време на нивното владеење е криминал на сите полиња од општественото живеење. Времето на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане длабоко врежано во сеќавањето на граѓаните како криминално владеење, запаметено по грабежот од граѓаните, економскиот пустош и изградени  вкупно 10 километри автопат! Денес извршителот Мицкоски повторно нема што друго да понуди, туку ја препишува програмата на СДСМ за инфраструктурата“, реагира партијата на власт.

Опозицијата пак тврди дека СДСМ за овие три години ќе изработи ниту еден прокет од областа на инфраструктурата.

Во изминатава деценија во земјава почна изгрдбата на три автопати. Два од нив се готови, а за Кичево Охрид последниот рок до кога треба да биде завршен е јуни идната година.