Македонија
16. јуни 2021 - 21:22

ВМРО-ДПМНЕ најави нова стратегија

„Македонија за сите луѓе“ е слоганот на новата политичка стратегија што вечерва во Охрид ја најви лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод 31 роденден на партијата. Стратегијата опфаќа теренски активности на раковдството во сите населени места каде ќе бидат презентирани, како што рече Мицкоски, сеопфатните реформи подигнување на државата.

Новата стратегија, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде програма за повеќе работни места, инвестиции во технологија, надворешна политика со стратешки цели ЕУ и НАТО, но со македонско достоинство.

Откажувањето не е опција кога целта е бесцената, а тоа е Македонија, рече Мицкоски, пред членството. При тоа тој беше критичен и кон власта, која според него направила поделба на граѓани од прв и втор ред.

Партијата по повод новата стратегија на црвената и црната партиска боја ја додаде и жолтата како и тонови меѓу овие бои, што треба да е одраз на новиот слоган.