Македонија
25. јуни 2021 - 9:43

ВМРО-ДПМНЕ: Концептот Македонија за сите луѓе значи пораз за криминалците

Го разбираме стравот и нервозата во СДСМ и нивните реакции на концептот Македонија за сите луѓе бидејќи Концептот Македонија за сите луѓе, знаци пораз за криминалците кои ја киднапираат СДСМ и државата и крај на губитничките и предавнички политики на Заев.

СДСМ се претвори во партија која е киднапирана од тандемите Зоки, Вице, Оли, Љупче Путерот и  останатата банда. Таквата банда ја киднапира и ја одзема иднината на Македонија.

Македонија за сите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ значи и крај на болната реалност да имаме граѓани од прв ред, тие од власта кои со врски се вакцинираат, се вработуваат по државните претпријатија, кои крадат и местат тендери, за кои правдата е недостижна и граѓани од втор ред, обичните луѓе кои остануваат невакцинирани, невработени, кои живеат во сиромаштија и чекаат подобра иднина.

За една година над 60 илјади луѓе останаа без работа, нови 10 илјади се социјални случаи, Заев воведува кризен данок за повисоки цени на бензини, а државата е се подалеку од ЕУ.

Токму затоа ваквото поделено општество треба да се обедини, а тоа го прави концептот Македонија за сите луѓе, земја со иднина, земја со почит и достоинство за црвените линии и стратешките интереси. Тоа ќе го оствари идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ