Македонија
28. February 2020 - 9:43

ВМРО-ДПМНЕ ќе го модернизира РЕК Битола и ќе изгради нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата

ВМРО-ДПМНЕ секогаш работела за добро на граѓаните на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе дојде на власт ќе реализира проекти кои ќе го подобрат стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која подразбира целосна модернизација на РЕК Битола и продолжување на векот на траење. Овој сложен проект опфаќа набавка на нова опрема за потребите на РЕК Битола, зголемување на нејзините капацитети и модернизација на работата, како и примена на целосни, без исклучок и без компромис, еко стандарди за намалување загадувањето на животната средина и целосно еколошко работење на комбинатот.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова која што подразбира нова термоелектрична централа во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова подразбира 1.000 силно платени нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица и Берово, и останати места околу. За целиот регион тоа ќе донесе нова додадена вредност, средства од 20-тина милиони евра годишно и враќање на животот во овој крај.

ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април ќе донесе обнова на Република Македонија со реални проекти и реални ветувања.

Обнова што ќе значи повеќе за секој граѓанин во Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ