ВМРО-ДПМНЕ: Како е можно да тече судски процес за издадени пасоши, а тие се уште да бидат важечки?
Оливер Спасовски и Зоран Заев ја ставаат на коцка кредибилноста на државата и македонскиот пасош.
Спасовски и Заев издадоа пасоши на светски нарко босови од типот на Јован Вукотиќ и Седат Пекер, и на терористи кои одат на боиштата на Блискиот Исток, и ја загрозија не само стабилноста на Македонија, туку и на целиот регион, и се уште не ги поништуваат пасошите.
Како е можно да бидат се уште важечки издадените пасоши од случајот „Мафија“? Како е можно да тече судски процес за издадени пасоши, а тие се уште да бидат во употреба?
Спасовски и Заев свесно овозможуваат на стотина нарко босови, убијци и терористи да се шетаат низ светот и да извршуваат убиства, да шверцуваат дрога, да прават терористички напади и други разни криминали.
Не е прашањето до кога овие пасоши ќе бидат важечки, туку зошто веднаш не се поништени. Кој ќе преземе одговорност за евентуалните дела кои што се случиле или ќе се случат како последица на поседувањето на македонски пасош од страна на овие криминалци?
Спасовски и Заев да одговорат и дали пасоши од „Мафија“ имаат и лица поврзани со акцијата „Планина“? Кои дела се направени, и кој се е оштетен?
Секој поминат ден без да се укинат овие пасоши е срам за Македонија, ја нарушува нејзината безбедност, но и безбедноста на целиот регион и пошироко.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок