Македонија
30. November 2021 - 16:39

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад безбедносниот ризик се крие план на власта за отстапки кон Бугарија

Обидот на СДСМ и ДУИ спорот со Бугарија да го издигнат на ниво на безбедносно прашање е само уште еден очаен обид на оваа гарнитура да се задржи на власт за сметка на националните интереси. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Груби и Владата ја туркаат Македонија кон вештачка криза и готват терен за отсапка од рамката која летово ја усвои македонското Собрание.

Во СДСМ нема конкретен став по вчерашните изјави на Груби.

„Сите граѓани посакуваат решение со Бугарија, тоа сигурно ќе донесе напредок за земјата во сите сфери на нејзиното функционирање.

Заложбите на сите од Владата за решавање на спорот ги сметаме за потребни и важни.“ – ни одговорија од СДСМ на нашето прашање како ја коментираат изјавата на Груби дека спорот со Бугарија носи безбедносни ризици.

„Целиот процес треба да се затвори без одложувања бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, а од другата страна тоа може да влијае на безбедноста на земјата“ –порача вчера Груби по средбата со евроамбасадорот Гир преку соопштението кое го испрати Министерството за политички систем.