Македонија
17. September 2021 - 14:27

ВМРО-ДПМНЕ: Аман Филипче не менаџирај повеќе кога резултатот е 14 мртви од пожар

Аман Филипче не менаџирај кога ти го водиш здравството има по неколку десетици мртви на ден.

Аман Филипче не менаџирај повеќе кога резултатот е 14 мртви од пожар.

Немој да менаџираш и да работиш кога објектите за кои распишуваш тендер горат за 3 минути со живи луѓе внатре.

Филипче немој не се мачи да менаџираш кога ниту противпожарни апарати не си стигнал да поставиш во модуларната болница во Тетово.

Аман Филипче не работи толку, 5 месеци вакцинацијата закасни заради тебе.

Од толку што работиш Филипче над 6000 луѓе починаа од КОВИД. Не менаџирај кога имаш десетици мртви на ден.

Немој Филипче се преработи од менаџирање луѓе за кислород умираат во болници.

Доста го менаџираше здравството, цела нација проплаче од твоето менаџирање.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ