Македонија
23. January 2022 - 16:34

Властите не информираат за текот на вакцинацијата - Има ли интерес во ек на силен ковид бран

Десетина дена нема информација за бројот на аплицирани вакцини против Ковид 19. Дали забрзаното ширење на омикрон сојот ги натера граѓаните да се вакцинираат од МЗ ваков податок најавија за утре.

Според неделната анализа која ја објавува институот за јавно здравје, до 15 јануари комплетно вакцинирани се вкупно 838.997 додека трета бустер доза примиле 117.521 граѓанин. Ако се спореди овој извештај на Институтот со претходниот неделен извештај за вакцинирани до 05 јануари, излегува дека во првите две недели од јануари се вакцинирале 2856 граѓани со прва доза и 9218 со трета бустер доза. 

Во меѓувреме дневната статистика постојано бележи раст на новозаразени а според податоците неспроно е дека меѓу нив има и вакцинирани. Но имунолозите апелираат на вакцинација за да се спречи тешка форма на болеста и смртен исход. 

 За ефикасноста на вакцината против Ковид-19 во интервју за Слободна Европа Д-р Мирко Спировски оценува дека вакцината е ефикасна и добро направена за во вакви услови. 

Според последните податоци близу 60 проценти од болничките капацитети во земјава се исполнети.Во петокот членовите на комисијата за заразни болести разговараа за евентуалното отворање на нови болнички капацитети доколку бројот на хоспитализации продолжи да расте. На главниот кризен штаб утре ќе се одлучува дали ќе биде намалено времетраењето на изолацијата за асимптоматските случаи од 10 на 7 дена.