Македонија
14. November 2019 - 16:34

Власта и опозицијата во Собранието со различно гледање на зголемувањето на минималната плата

И власта и опозицијата се за повисока минимална плата. Но начинот и времето кога се носи оставаат  простор за сомнеж дека  законот е популистички, за купување гласови, без никаква економска логика, бидејќи  продуктивноста опаѓа, а платите треба да растат -  обвини опозицијата.  Постојат   фирми кои нема да можат да ја исплатат и ќе мора или да отпуштаат работници или да ги зголемат цените на услугите

– Вакво зголемување на плати нема ни во Европа, ни во светот затоа што се прави со задолжување. Има намалување на продуктивноста на трудот, а зголемување на трошоците, изјави Весна Пемпова од ВМРО ДПМНЕ

Според власта , во ова време, кога цените растат секој ден,  беспредметно е некој да реагира за зголемување на платата на  14.500 денари. Потребен е подобар животен стандард за сите граѓани

Наместо за минималаецот, дебатата се префрли на платата за образованиетото – зошто и дали требало да се зголемат платите за наставниот кадар?

Согласно законот, декемвриските минимални плати кои се исплаќаат во јануари треба да бидат зголемени за 2,000 денари, од 12,500 на 14,500 денари. Се очекува околу 90 илјади вработени, претежно од текстилната индустрија , да бидат опфатени со новото решение.