Македонија
2. јуни 2020 - 16:57

Власта и опозицијата со различни ставови, Брисел бара фер услови и време за сите пред да се утврди датум за нови избори

На точката на Заев за избори на 5 јули, ќе ставам уште две точки за реченицата да може да продолжи и да му се даде шанса на дијалогот. Опозицискиот лидер вели дека во време кога за неколку дена имаме над 20 жртви на корона вирусот, одговорни политичари воопшто не размислуваат на изборите. Без прецизно да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите доколку тие се одржат на 5 јули, Мицкоски порача дека во овој момент најважно е здравјето на граѓаните.

Мицкоски потврди дека од петокот престанала комуникацијата со СДСМ околу можен договор за датумот за избори потенцирајќи дека од тогаш до денеска, состојбите се значително променети, бидејќи само вчера, во Македонија имаше два пати повеќе заразени отколку во целиот регион заедно.
Во СДСМ и денеска стојат на ставот дека изборите треба да се одржат на 5 јули, но и од Бихаќка не стигна прецизен одговор дали се подготвени да излезат на нив доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ се реши да ги бојкотира.

И додека власта брза на избори под оправдување дека епидемијата на Ковид 19 е непредвидлива од Европската Унија ја смируваат топката. Еврокомесарот за проширување денеска на прес конференција од Брисел вели дека на партиите треба да има се остави доволно време за кампања.

5 јули е вториот датум за избори кој го заговара власта откако 21 јуни пропадна по одлуката на Пендаровски да прогласи вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19.