Loading Video...
Спорт плус
22. November 2020 - 17:55

Влахова повторно најдобра на слаломот во Леви

Петра Влхова од Словачката потврди дека е во одлична форма на стартот на новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање. 
 
Откако вчера на отворањето во сезоната во финскиот ски-центар Леви, беше најдобра на првиот слалом, таа денеска одново забележа најдобро вкупно време, притоа оставајќи ја зад себе за 31 стотинки  второпласираната Мишел Жизин од Швајцарија.
 
Третото место и припадна на Австријката, Катерина Линзбергер која имаше 50 стотинки послабо времето на победничката. 
 
Следните возбудувања се веќе во четврток (26 ноември) кога во австрискиот ски-центар Лех ќе се одржи првиот паралел-велеслалом сезонава.