Џет-Сет
13. јуни 2017 - 9:46

Владо Георгиев пресреќен, еве што толку го израдува популарниот пејач

Поп пејачот Владо Георгиев и неговата избраничка Милица Самарџија го чекаат второто дете.

Како што открива избор близок до нив, Георгиев бил пресреќен и веќе им се пофалил на пријателите и соработниците.

-На седницата на Сокој, која се одржа завчера, меѓу другото, на присутните им се обрати и Владо Георгиев. Штом дојде на говорницата, рече дека сака, пред се, да соопшти убави новости, и откри дека неговата сопруга, како што ја претставува Милица, е повторно бремена. Сите му аплаудирааа и честитаа, по што Владо си кажал што има друго, врзано за седницата, вели соговорникот.

Владо и Милица го добија првото дете во септември минатата година, кога им се роди ќерката Софија.