Македонија
15. јуни 2021 - 19:44

Владата одлучи: Mакедонија од утре без полициски час

Од утре нема веќе ограничување на движењето. Владата го укина полицискиот час усвојувајќи ги препораките на Комисијата за заразни болести и главниот координативен и кризен штаб. Нема веќе и броење на гостите на свадба и наместо максимум 100, може да има многу повеќе односно до 50 проценти од капацитетот на објектот каде е веселбата. Истата искористенот ќе важи и за журки во кафеани како и концерти каде не смее да има повеќе од 1000 лица. Ова олабавување на рестрикциите е во време кога епидемиолошката состојба според здравствените власти е стабилна и го дозволува тоа.

Статистиката покажува дека има драстично намалување и на бројот на новодијагностицирани и на хоспитализирани. Во моментот во болница на лекување има 96 пациенти од кои 30 во здравсдтвените установи во Скопје.

И неделната анализа на Инситутот за јавно здравје покажува за 21 процент помалку позитивни и намалување од 46 проценти на смртни случаи.

И додека ситуацијата со пандемијата засега е под контрола, нема забрзување на темпото на имунизација во земјата. Вчера биле аплицирани само 4800 дози. Фрижидерите од денеска, пак, ќе бидат пополни со 20 000 на Астра Зенека донација од Грција која денеска на аеродром ја пречека министерот Филипче. Освен донациите нема датум кога ќе стигнат 500 000 вакцини од кинески Синовак.