Македонија
1. September 2015 - 19:50

Владата обезбеди поволни земјоделски кредити

Владата ообезбеди поволни кредити за земјоделските компaнии. Кредитите можат да изнесуваат  до 500 000 евра и се со фиксна каматна стапка од само 3 отстo. Линијата е овозможена преку преку Македонската банка за поддршка на развојот. Компаниите кои се занимаваат со примарно земјоделско производство, преработка и извоз можат да земат кредити до 300 000 евра. Додека пак откупните капацитети имаат на располагање средства до 500 000 евра.

Кредитите се со 3 % фиксна годишна каматна стапка. Рокот на отплата  доколку се купуваат машини и други основни средства е до 5 години, со грејс период од една година. Ако пак кредитот е за обртни средства, грејс периодиот изнесува 3 месеци, а рокот на отплата година ипол.

Најмногу средства досега се одобрени во винската индустрија, дури 29 отсто. По што следуваат земените кредити од конзервните фирми 24 % и мелничко пекарските капцитети 19 отсто.

Досега за овие кредити аплицирале 55 земјоделски микро, мали и средни претпријатија. Вкупната сума која е одобрена е речиси 12 милиони евра.