Владата ќе забрани увоз на руска нафта
Политика на Владата е да ги следи санкциите што ги воведува Европската Унија кон Русија, но недостиг на нафта и нафтени деривати не може да се случи по најновата одлука на Европската комисија да се забрани увоз на руско дизел-гориво, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
- Одлуката да се забрани користење руско дизел-гориво нема да има големо влијание во државава. За санкциите и порано сме кажале дека владина политика е да ги следиме сите санкции кои ги носи Европската комисија и така најверојатно ќе продолжиме, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој нагласи дека очекуваат Министерството за надворешни работи да даде препорака до Владата за воведување санкции согласно одлуката на Европската комисија.
- Тие од 15 до 20 отсто можат да се покриваат и од други извори на снабдување. Не може да се случи недостиг на нафта и нафтени деривати. Сепак, околу евентуалното зголемување на цената може да кажам дека нивната цена е берзанска, а Владата може да влијае само во делот на давачките – акциза, ДДВ и други давачки, прецизира Бектеши.
Согласно податоците од Регулаторната комисија за енергетика, како што кажа, во земјава во последните неколку години не повеќе од 20 отсто е користена нафта од руски рафинерии, главно од една компанија која има руски капитал, а другата е увезена од Хеленик петролеум, кој главно користи од туѓи извори.
Ново на Сител
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа